Манчестер Сити со голот на Рахим Стерлинг во судиското продолжение победи против Саутемптон (2-1) и ја одржа разликата од осум бодови во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед на врвот од табелата.
Победничкиот погодок на англискиот репрезентативец го крена нозе „Етихад“, а на еуфоричната атмосфера не оддолеа ниту Менди кој заздравува од повредата и операцијата на лигаментите на коленото.
– Стерлинг е херој, постигна фантастичен погодок и среќен сум поради него затоа што напорно тренира. Неколку пати разговарав со него и му кажав дека треба да тренира и да стрплив, погодоците и резултатите сами ќе се дојдат. Искрено сакав да го прославам голот со Стерлинг, но не можев да го стигнам, а кога го видов Менди како трча си реков, ова е катастрофа. Им се извинав на сите за мојата реакција, која беше премногу емоционална. – изјави Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ од Манчестер во следната рунда на домашен терен го пречекуваат тимот на Вест Хем, кој се уште нема победа со новиот менаџер Дејвид Мојс на клупата.
OhridNews