Во богата ризница на трофеи шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола ја додаде титулата од Премиер лигата, која успеа да ја освои со Манчестер Сити. „Граѓаните“ до петтиот трофеј во англиското друштво стигнаа доминатно со 15 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед.
– Воодушевени сме од освојувањето на титулата во Премиер лигата. Начинот на кој игравме и стигнавме до титулата е последица на доброта подготовка пред почетокот на сезоната. Научивме многу од минатата сезона и добрите работи ги склопивме и на доминантен начи стигнавме до титулата. Премиер лигата е најтешкото првенство во кое сум се натпреварувал. Екипите горат од желба да победат на домашен терен, а распоредот и многуте натпревари уште повеќе ја отежнуваат задачата. – изјави Гвардиола.
Сезонава која изминува Гвардиола и Манчестер Сити стигнаа до титулата и во Лига купот, а не успеаја да замешаат во ФА Купот и Лигата на Шампиони.
За шпанскиот стратег ова е седма титула од националните првенства, инаку вкупно 24-та во неговата кариера. Гвардиола тренерската кариера ја почна во Барселона, а ја продолжи во Баерн Минхен, од каде дојде во Манчестер Сити.
OhridNews