Шпанскиот стручњак на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола прогласен е за најдобар менаџер во англиската Премиер лига за месец ноември.
„Граѓаните“ во ноември ги добија четири мечеви и ја продолжија победничката серија. Гвардиола признанието за најдобар менаџер го добива трет по ред. Претходно наградуван беше за октомври и септември.
Со ваквото остварување Гвардиола се изедначи со менаџерот на Челси, Антонио Конте кој минатата сезона три месеци во серија беше прогласуван за најдобар во Премиер лигата.
Наградата за најдобар фудбалер за месецот кој измина му припадна на Мухамед Салах од тимот на Ливерпул.
OhridNews