Шпанскиот стратег на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола убеден е дека неговиот тим ќе го помине тимот на Тотенхем во 1/4 финалето и ќе биде дел од елитната четворка во Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ имаат минимална негатива (1-0) од првиот меч и на домашен терен потребна им е победа со два погодоци да обезбедат пласман понатаму.

Многу сум сигурен дека ќе бидеме дел од 1/2 финалето во Лигата на Шампиони. Го имав тоа чуство тоа кога ја гледав снимката од првиот меч, а го имам и сега. Можеби  грешам, но јас сум уверен дека ќе поминеме. – изјави Пеп Гвардиола.

Шпанецот изјави дека „граѓаните“ нема да тагуваат во случај да бидат елиминирани од ривалот од англиската Премиер лига.

Ако испаднеме ќе бидеме тажни ден-две, а потоа ќе се насочиме кон освојување на титулата во Премиер лигата и ФА купот. Евентуална елиминација од ЛШ нема да биде причина за паника, бидејќи и следната сезона ќе бидеме од ЛШ и ќе се обидеме да стигнеме до титулата. – додаде Гвардиола.

Клубот од Етихад минатата сезона испадна во 1/4 финалето од Ливерпул, а сезона пред тоа мечевите ги заврши во 1/8 финалето. Непреминлива пречка беше Монако.

OhridNews