Фудбалерите на Манчестер Сити ќе патуваат со два голови предност на реваншот мечот на стадионот Луј Втори во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони, откако на Етихад го добија трилер натпреварот со 5-3.
– Морам да кажам дека мечот беше вистина посебен. Осум голови, три пресврти, добра и отворена игра. Задоволен сум од резултатот за разлика од мојот колега, но никако нема да се согласам дека победата пред нашите гледачи е доволна за пласман понатаму. Екипата на Монако способна е да постигне милион погодоци, но ние имавме среќа при пеналот кој одлично го одбрани Кабаљеро, а потоа мечот се сврти во наша полза. – рече Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ втор пат во ЛШ постигнуваат пет погодоци, а финалистот од 2003 година, Монако прв пат прима пет погодоци на еден меч во европските натпреварувања.
– Таму ќе мора да постигнеме погодок или ќе биде многу опасно. Нивните контра напади со шест или седум играчи тешко се бранат и нашиот тим ќе биде на сериозен испит на реваншот. Одлично реагиравме на нашите грешки, но ќе мора да се поправиме, бидејќи не секогаш можеш во еден меч да ги надополниш пропустите. – заврши Гвардиола.
ЛШ: Неверојатна ноќ на Етихад, „фармацевтите“ без лек за „јорганџиите“ (видео)
OhridNews