Фудбалерите на Хадерсфилд се последниот тим кој избори пласман во Премиер лигата. Тие во плејофот за пласман во најсилната англиска конкуренција го совладаа Рединг, по изведувањето на пенали со 4-3.

Хадерсфил се пласира во Премиер лигата по пауза од 45 години. Мечот на „Вембли“ не донесе многу возбудувања, заврши 0-0, а победата на Хадерсфилд му ја донесе Кристофер Шиндлер. Хадерсфил е трикратен шампион на Англија (1924 до 1926).

Пласманот во Премиер лигата финансиски ќе го подобри буџетот на клубот, бидејќи од наградниот фонд и телевизиските права ќе добие околу 220 милиони долари.

OhridNews