УО на ФФМ го разгледа доставеното барање за одржување на Вонредно собрание на ФФМ и истото одлучи да го одбие како неосновано бидејќи не е доставена соодветна и комплетна документација, се вели во соопштението од ФФМ.


УО ги упатува Општинските фудбалски сојузи да одржат годишни собранија и на истите како највисок орган на управување да се донесат валидни одлуки со кои ќе ги поткрепат своите барања и ставови. Редовните годишни собранија мора да бидат одржани според Статутот и прописите на ФФМ и ОФС-и со задолжително присуство на член на УО на ФФМ.

Заклучоците и одлуките од одржаните Оштински годишни собранија треба да бидат доставени во соодветна форма и уредно заведени до Генералниот секретаријат на ФФМ.


Истите ќе бидат потоа доставени до УО на ФФМ кој по нивното разгледување ќе донесе соодветна одлука.

ФФМ ја користи оваа прилика да ја информира јавноста дека оваа одлука е донесена во согласност со траспарентното работење но и ставот дека сите иницијативи мора да бидат статутарно издржани и во согласност со правилниците на федерацијата .


Секоја друга одлука може да влијае негативно врз стабилноста на македонскиот фудбал со чести иницијативи и губење на драгоцена енергија потребна за успешно раководење со најпопуларниот спорт.

Сите потписници на невалидните барања од ОФС-и кои не ја почитувале соодветната процедура ќе бидат предадени на Дисциплинската комисија при ФФМ.

Ohridnews