Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Харалампие Хаџи Ристески минатата 2011 година, ја оцени како инвестициска, напомена дека најмногу разочара “А“ тимот, додека најсветла точка е репрезентацијата под 21 година.


– Во изминатата година имавме бројни и плодни активност. Оваа година е години на ивнестиции во македонскиот фудбал. По многу години ја релизиравме големата желба на генерација фудбалери и тоа со изградабата на куќата на фудбалот како и тренинг центарот. Реалзицијата тече според планираната динамика и до крајот на 2012 година ќе биде успешно завршена.Во тек е реконструкција на фудбалскиот храм кој ќе добие квалитетен тревник. Во изградбата на арената со скормни средства учествуваше и ФФМ , со што обезебедивме  користење без надомест се до 2025 како што е случај со стадионот во Прилеп, Струмица и Куманово – истакна првиот човек на федерацијата.

Хаџи-Ристески напомена дека ФФМ и понатаму ќе продолжи да вложува во инфраструктурата, досегашната организација на неколкуте квалификациски турнири донесе позитивни критики , како од преставниците на УЕФА, така и од учесниците кои и понатаму доаѓаат со задоволство во нашата земја. Во 2011 години организиравме вкупно 9 квалификацики тунири што е апсолутен рекорд во Европа.

ФФМ исто така организираше обука според теркот на ФИФА за тренери на голманите, потоа преку проектот тренери без граници во соработка со АМС беа испратени двајца тренери на дообука  , со цел да го подобрат развивањето на младите категории.

Најголемите разочарувања дојдоа од оние од кои најмногу се очекува , огледалото на Македонија, “А“ тимот.

– Најмногу потфрли А репрезентацијата која циклусот го заврши на петтото место во групата, што резултираше и со смена на селекторот Мирсад Јонуз. На неговото место дојде Џон Тошак, кој внесе нов дух и отпмизиам во селекцијата. Секако најуспешни во своите настапи е У21 селекцијата која на 12 средби е без пораз, и посакуваме добрите игри да продолжат и во 2012 година. Во годината што е зад нас солидни резултати постигна и футсал репрезентацијата која успеа да се квалификува во елитната фаза. Футсал репрезентацијата беше прогласена на репрезентација со најголем прогрес. На клупско нив, најмногу покажа Работнички, кој постави нов патоказ за македонските клубови во Европа – потенцираше Хаџи- Ристески.

Претседателот на ФФМ, очекува со трансформацијата на клубовите во акционерски друштва да се внесе нов импулс на македонскиот фудбал и влез на нов свеж капитал кој ќе го подигне квалитетот на фудбалската игра.

М.П.