Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи – Ристески по првиот конкретен разговор со еден од можните кандидати за селектор, хрватскиот стратег Иванковиќ, истакна дека разговорот не значи и избор на селектор бидејќи ситуација ќе биде појасна по одржувањето на Седницата на УО в среда.
– По седницата ќе знаеме дали ќе ангажираме селектор странец, или домашен тренер. Нашите ставови се јасни. За македонската јавност единствен успех е пласман на второто место во групата иако шансите се намалени, но сеуште се реални. Доколку УО донесе одлука за ангажман на селектор од странство тогаш ќе ги продолжиме разговорите со г-динот Иванковиќ. Тој има доставено и свое „CV“ со што и официјално е кандидат за функцијата. Ова е прв разговор со тренер за селекторската функција – изјави претседателот Хаџи-Ристески.
Покрај хрватот Иванковиќ интерес за македонската клупа пројавиле и турските тренери Јунел Краман и Зија Доган како и српскиот стратег Стеван Остојиќ со кои исто така ќе претстојат разговори. Од македонските тренери до сега нема никој доставено ниту биографија, ниту пријава.
Веднаш по состанокот претседателот на ФФМ доби лична информација од менаџерот на Олег Блохин дека е заинтересиран за функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...