Високите претставници на ФИФА и УЕФА, Џером Шампањ и Ева Паскиер ја посетија Македонија и како што беше и планирано одржаа најпрвин средба со претседателот на ФФМ, Хари Хаџиристески и членовите на УО, потоа се сретнаа и со 6-члена делегација на Иницијативниот одбор за промени во присуство на претседателот и потпретседателот на ФФМ, Хаџиристески и Беџети.

Делегатите на ФИФА, Жерон Шампањ и Ева Пасквер, заедно со делегатите на УЕФА, Џејкоб Ерел и Сандо Гри се во работна посета на ФФМ, со цел да биде ставен крај на сите проблеми и поделби со кои се соочува фудбалот во Македонија.


Хаџиристески сеуште е „газда“ во ФФМ

Гостите од ФИФА и УЕФА пред претставниците на печатот уште еднаш ги потврдија ставовите дека не признаваат никакви иницијативи за промени вон институциите на ФФМ .Жерон Шампањ во изјава за новинарите потенцираше дека не се дојдени во Скопје за да донесат решение, туку посетата има за цел, подобро запознавање со случувањата во мак-фудбалот.

Конечната одлука по поднесување на извештаите од нивна страна, во врска со затекнатата ситуација се очекува да ја донесе претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Тие не определија датум за вонредно изборно Собраниие како што бараа иницијаторите, туку единствено потенцираа дека се’ во македонската фудбалска куќа треба да се работи според статутот на ФИФА односно на УЕФА.

М.Постоловски