Харалампие Хаџиристески од вчера повторно е впишан во Централниот регистер како претседател на Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ, со што се избегнати санкции од УЕФА.

Сепак како што се дознава, Европската куќа на фудбалот само ја одложила расправата за состојбите во македонскиот фудбал. Таа и натаму ќе ги следи слушувањата  во поделената ФФМ.


Хаџиристески засега останува во ФФМ

Хаџиристески вчера со допис ја известил УЕФА дека се вратил на чело на ФФМ,но другото крило предводено од поранешниот интернационален судија Емил Божиноски очекува во најкус можен рок да биде свикано вонрено изборно собрание на федерацијата на кое конешно ќе се разреши дилемата кој треба да го води македонскиот фудбал.

Г.М.