Основна мисла водилка во оваа изборна трка е да покажеме нов облик на водење на кампања базиран врз почитта кон гласачите и нашите политички конкуренти и секако врз реално остварлива изборна програма и проекти– истакна на денешната средба со новинарите носителот на советничката листа на НСДП, Верица Хајба 

Една од основите за влегување во трката за градоначалник на Охрид и влез во советот на град Охрид од НСДП  велат дека е на граѓаните да им се покаже пред се една нова и домаќинска грижа за градот, комлпетно нов пристап кон функциите кои од досегашната пракса , покажале дека за многумина избрани се само привилегија,но не и одговорност искреност и чесност кон  тие што избираат.

Водени од желбата да направиме вистински развој на градот нема многу да размилуваме на централната власт и нејзината поддршка, како што тоа несебично го нудат одредени наши политички конкуренти,. Тие секојдневно повторуваат дека нештата ќе ги направат со безрезервна подршка на владата на РМ, тоа е главниот адут кој им го нудат заборавјќи која е суштината на деценатрализацијата– истакна Хајба.


Тимот за Охрид и охридскиот огранок на НСДП се предводени од успешен и докажан менаџер и ние се потпираме врз сопствените знаења, можности и ресурси велат од НСДП.


ohridnews