
– Почитувајте ги жените секој ден во годината, со тоа што ќе им овозможите равноправно и под исти услови да напредуваат во својата кариера . Почитувајте ги со тоа што ќе им овозможите да бидат застапени во политиката во поголем процент, а не само со законски утврдениот процент од 30 %. Во нашата општина Охрид и покрај тоа што имаме голем број на жени кои се покажале како успешни менаџери водејќи сопствен бизнис , ниту една не е поканета активно да учествува во Локалниот економски совет, кој е наречен Совет на градски татковци. Многу малку жени се застапени и на раководни позиции како во секторите на Локалната Сампуправа така и во Јавните Претпријатиа, потенцира Хајба.
Хајба ги повикува сите политички организации, паричните средства кои планираат да ги издвојат за купување каранфили за дневно политички кампањи, да ги пренасочат во општествено корисни цели.
– Воедно ги повикувам и директорите на сите Јавни претпријатиа во Општина Охрид како и одговорните лица во Локалната Самоуправа , паричните средства кои планираат да ги издвојат за носење на ручеци или купување на цвеќе на своите вработени колешки да ги здружат и да ги донираат во реновирање на одделот за геронтологија во Општата болница Охрид , кој се наоѓа во незавидна положба. Вашето внимание покажете им го на своите колешки на тој начин што ќе им овозможите да напредуваат исто како и нивните колеги, а не со еднократни ситни подароци, додава Хајба.
Според неа, почитта кон жените се изразува со поголемо нивно учество во власта и во одлучувањето и преку подобрување на нивната социо-економската положба .
OhridNews











