
–НСДП ве повикува да не дозволите вашиот глас да биде купен за ситни пари, да не дозволите бугарскиот воз да остане во Македонија и вашиот глас да го фрлите попусто. Спроведувањето на мирни и фер избори е испитот пред кој Македонија ќе биде исправена на овие избори, кои се од осбена важност за влезот во Македонија во ЕУ и НАТО, рече Хајба.
Таа напомена дека советничката група на НСДП во идниот состав на советот нема да се води од лични интереси, како што било досега и ќе се труди сите граѓани да имаат корист од работата на Советот, а не поединци.
–Верувам дека со нашето однесување и со нашата кампања ќе ја промениме сликата на подобро во што искрено веруваме. Ве повикувам да кажете НЕ на сите лаги и да гласате за оние кои имаат визија, а не за оние што ве враќаат во минатото, додаде Хајба.











