Бидејќи Сил и Хајди, која од неодамна е во врска со својот телохранител Мартин Кристен, се во Лос Анџелес, веројатно заедно ќе ги поминат празниците во Калифорнија.
Хајди и Сил се обидуваат да бидат одговорни родители, и поради своите деца сакаат се да решат на мирен начин.

Сил сега правел се за да ја врати Хајди, а тие двајца сега редовно зборувале на телефон.
Кога се објавила веста дека се разделуваат, најпрво се чинело дека ќе останат во пријателски односи, но нивниот однос се заладил кога Сил ја обвинил Хајди за врската со телохранителот Мартин.