НБА звездите имаа ретка можност да се запознаат со традиционалниот Хака танц кој репрезентациите на Нов Зеланд во повеќето спортови го изведуваат пред почетокот на натпреварите. Во минатото, Хака танцот имал улога на стратегија за плашење на противниците кога воините оделе во битки, а сега тој означува и оддавање на почит кон противниците.
Кошаркарите на Нов Зеланд на крајот од танцот добија аплауз и од противниците но и од публиката. Сепак, тие го загубија натпреварот со резултат 71-98.
ohridnews