Викендов во Струга се одржува собир на хакерите и технолошите ентузијасти од регионот.

На настанот насловен како „Ништо нема да се случи“, кој се оддржува по трет пат, учесниците ќе ги споделат своите искуства од областа на компјутерските технологии.

На конференцијата без стандардно утврдена програма се разговара за различни теми кои се во сферата на интересирање на љубопитните технолошки ентузијасти, како и за изуми и иновации кои имат за цел подобрување на перформансите на компјутерски програми.

OhridNews