Хакери кои се претставуваат дека се од Косово попладнево извршиле напад врз официјалната интернет страница на претседателот на Република Македонија.
Хакерите оставија порака дека Македонија е само име, „а земјата е албанска“. Нападот брзо бил одбиен и вечерва веб-страницата на претседателот нормално функционира.
Хакерскиот нападот се совпаѓа со официјалната посета на претседателот на Србија Томислав Николиќ на Македонија, чиј домаќин е македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Во знак на одмазда за хакерскиот напад на интернет страната на претседателот Иванов, хакери од Македонија вечерва ја нападнале официјалната веб страна на претседателот на Албанија.
Хакерскиот напаг го извршила група која себе си се претставува како Антички пирати.
Набргу по нападот сајтот на албаксиот претседател бил оспособен и сега нормално функционира.