Засега неидентификуван сторител  ја  хакира англиската верзија на официјалната веб- страница на Општина Охрид (www.ohrid.com.mk) Хакерот ги избришал поставените содржини и на бугарски јазик напишал дека страницата не била обезбедена и објавил текст со мноштво навреди во врска со потонувањето на бродот „Илинден“ .


Локалната самоуправа ја известува јавноста дека официјалната веб- страница на Општина Охрид има заштитен јузернеим и пасворд преку ФТП пристап за администрираање на веб- страницата обезбедени од страна на провајдерот врз основа на договорот за хостирање.

Случајот е пријавен во СВР Охрид, а со провајдерот е договорено да додели нови јузернеим и пасворд со што веб- страницата одново ќе биде активна, информираат од Локалната самоуправа. 

OhridNews