Една од најдобрите ракометарки на денешницата, Нора Морк минува низ тежок период во животот, откако и го хакирале телефонот во кој имало секакви фотографии. Норвеженката целата приказна ја раскажа на медиумите и привлече огромно внимание.
– Од денот кога дознав дека мојот приватен телефон е хакиран и од него извадени сите содржини ме фати паника и страв, а и псхички ме скрши. Тешко ми беше да живеам, а во опасната ситуција се доведе и мојот спортски ангажман затоа што не бев активна на тренинзите и на натпреварите. Помислив да заминам некаде и да се изолирам целосно од светот, но не сакам да се откажам од сонот да станам најдобра ракометарка во светот. – изјави норвешката ракометарка, Нора Морк.
Благодарание на соиграчките од Ѓер и норвешката селекција 26-годишната ракометарка се врати во полн погон и ќе биде дел од Светското првенство кое ќе се одржи во Германија од 1 до 17 декември.
OhridNews