Романската тенисерка Симона Халеп ноќта после финалето на австралискиот грен слем турнир ја поминала на болница, откако била примена со тешка дехидрација.

По преземените мерки и укажаната помош Халеп која го изгуби финалниот меч од Каролин Вознајацки во три сетови била пуштена од болница.

Халеп уште во текот на финалето се пожали од здраствената состојба и на лице место и беше мерен притисокот и прими терапија да може да го доигра финалето.

26-годишната тенисерка во две седмици колку што трае грен слем турнирот во Мелбурн поминала повеќе од 12 часа на теренот и телото и било исцрпено до максимум.

Иако само Халеп заврши во болница, тенисерите во машка и женска конкуренција јавно се пожалија за згуснатиот и набиен распоред во кој актерите немаат одмор за време и рекуперација.

OhridNews