Холивудската актерка Хали Бери лансирала сопствена колекција чевли со име „Петта авенија“ во соработка со германската модна куќа ”Deichmann”. Лимитираната колекција од 40 видови чевли, во која се наоѓаат различни видови чевли, почнувајќи од оние со отворени прсти па се до сандали со висока потпетица, во продажба ќе се најдат во март.
Хали Бери изјавила дека жените отсекогаш сакаат чевли, а лошите чевли можат да ви го расипат денот. Додала дека тие се став на секоја жена, а го откриваат и нивното расположение. И таа била како другите жени, обожавала чевли и секогаш ги менувала. Освен Хали, за истиот германски бренд чевли направиле членовите на британскиот бенд ”Sugababes”, членовите на американската група ”Pusycat Dolls”, како и поранешната манекенка Синди Крафорд.