
Хали Бери во болница- ја повреди главата на снимање
19.07.12 09:44
Оскаровката Хали Бери е итно пренесена во болница откако синоќа ја повредила главата на снимањето на нејзиниот последен филм, пренесува „Макфакс“.

Според информациите до кои дошле медиумите, актерката се повредила во една од акционите сцени за филмот „Тхе Хиве“ кога паднала на бетонски плочник и ја повредила главата.
Портпаролот на познатата актерка не сакал да дава изјави, па не е познато во каква состојба е таа сега, а локацијата на која се случила несреќата е затворена поради увид.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











