Екипата на Хамбургер го фати последниот воз за опстанок во елитното фудбалско друштво во Германија победувајќи го Волфзбург (2-1) во последната рунда од сезоната.

Хамбургер со трите бодови од дуелот се искачи на 14-та позиција на табелата, додека „волците“ паднаа на 16-та и во бараж ќе го бараат опстанокот во Бундес лигата.

Директно од најквалитетната лига во Германија испаднаа Инголштад и Дармштад. Титулата неколку натпревари претходно ја обезбеди Баерн Минхен кој во ЛШ ќе игра со Лајпциг, Борусија Дортмунд и Хофенхајм. Пласман во Лигата на Европа обезбедија Келн и Херта. 

Резултати: Борусија Дортмунд – Вердер 4-3, Борусија Менхенгладбах – Дармштад 2-2, Ајнтрахт Франкфурт – Лајцпиг 2-2, Келн – Мајнц 2-0, Хамбургер – Волфзбург 2-1, Херта – Баер Леверкузен 2-6, Хофенхајм – Аугзбург 0-0, Инголштад – Шалке 1-1, Баерн Минхен – Фрајбург 3-1.

OhridNews