Фудласкиот клуб Хамбургер за прв пат во историјата се сели во понизок ранг на натпреварување, откако во последното коло од Бундеслигата не успеа да обезбеди опстанок. На Хамбургер му беше потребна победа дома над Менхенгладбах (2:1), но и пораз на ВоЛфсбург на гости кај Келн (1:4). 

Во финишот на мечот кога на домашните навивачи им стана јасно дека Волфсбург со убедливата победа над Келн обезбедува плејаут, а Хамбургер испаѓа, го прекинаа натпреварот и буквално го запалија стадионот.