Без победник 1-1 заврши првата пресметка од двомечот меѓу Хамбургер и Карлсруе во баражот за влез во Бундес лигата.


Гостите беа блиску до победата по водечкиот гол во 4-та минута на Хенингс. Хамбургер донесе мала радост и надеж за реваншот откако во 73-та минута го изедначија резултатот преку Иличевиќ.


Победникот од овој бараж ќе ги комплетира екипите за следната сезона од најсилната германска лига.

Мх.П.