Kолумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез дефинитивно нема иднина во Реал Мадрид, откако навивачите го кренаа гласот против него. 


Родригез, навивачите ги налути со изјавите контра тренерот Зинедин Зидан и незадоволството од малата минутажа. 

Прво на Колумбиецот му се обрати капитенот, Серхио Рамос, а подоцна и навивачите кои не го гледаат во својот тим Родригез. 

Навивачите во шпанските клубови имаат доста влијание, а нивната моќ оди дотаму што можат и тренерот на екипата да го снемат со белите марамчиња на стадионот.

За 80 милиони евра после Мундијалот во Бразил, Родригез во Реал Мадрид пристигна како големо засилување, но се уште не покажа сиот свој потенцијал на Сантијаго Бернабеу. 

Во игра за неговиот потпис влегоа неколку екипи, а за сега водечки е лидерот во Премиер лигата, Челси. 

OhridNews