Златната копачка од Мундијалот во Бразил 2014 година, Хамес Родригез го засили германскиот шампион Баерн Минхен.

„Баварците“ со „кралевите“ најдоа заеднички јазик за позајмица, а Колумбиецот на Алијанц Арената најмалку ќе остане две сезони.

Родригез во дресот на Баерн Минхен ќе заработува 6 милиони евра по сезона, а откупната клаузула во договорот е 60 милиони евра.

Репрезентативецот на Колумбија не се прослави во тимот на Реал Мадрид, откако дојде од Монако после СП во Бразил 2014 година.

Најверојатно трансферот на Родригез ќе значи карта во еден правец за Даглас Коста кој преговара со Јувентус.

OhridNews