Репрезентативецот на Колумбија, Хамес Родригез официјално беше преставен во Баерн Минхен по минувањето на потребните лекарски прегледи.
Најдобриот стрелец на Мундијалот во Бразил пред три години со „баварците“ договори двегодишна соработка со германскиот шампион.
– Многу сум среќен што дојдов во клуб каков што е Баерн Минхен. Сите ние знаеме што преставува Баерн Минхен и во Германија и Европа и затоа сум возбуден за предизвикот кој е исправен пред мене. За мене ова е нова култура и нов тим, но јас имам големи соништа кои сакам да ги исполнам со Баерн Минхен. – изјави екс фудбалерот на Реал Мадрид.
Родригез после СП во Бразил премина од Монако во Реал Мадрид, но не се најде и не добиваше шанса многу. Неговото незадоволство траеше речиси две сезони и долго се поврзуваше со преселба во Манчестер Јунајтед.
„Баварците“ реагираа одлучно, наспроти „црвените ѓаволи“ кои не испратија официјална понуда за Колумбиецот.
OhridNews