Репрезентативецот на Колумбија, Хамес Родригез ќе се врати во тимот на Реал Мадрид, откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи договорот после завршувањето на двегодишната позајмица.

Родригез на Алијанц арената се пресели на почетокот од минатата сезона, но не успеа да се наметне како лидер на екипата. Големите очекувања донесоа големи разочарувања и затоа „баварците“ ќе го вратат назад и нема да ја активираат клаузулата за откуп вредна 42 милиони евра.

Враќањето на Родригез на Сантијаго Бернабеу може да биде добивка и минус за стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан. Колумбиецот немаше некоја завидна минутажа под водство на Зидан пред три сезони, а каков ќе биде исходот ќе почекаме и ќе видиме.

Родригез го засили Реал Мадрид од Монако по Мундијалот во Бразил 2014 година, кога ја освои „Златната топка“ за најдобар стрелец.

OhridNews