Репрезентативецот на Колумбија во редовите на Реал Мадрид, Хамес Родригез разочаран од третманот на Сантијаго Бернабеу до управата на клубот доставил барање за заминување од екипата.
Хамес Родригез комплетно го изгуби првотимскиот статус по доаѓањето на Зинедин Зидан. Францускиот стратег го замени Рафа Бенитез на сред сезона, откако Шпанецот доби отказ за слабите резултати.
Колумбиецот сака да се пресели во Премиер лигата односно во Манчестер Јунајтед. Хамес Родригез се поврзуваше летово се поврзуваше со трансфер на Олд Трафорд, но Жозе Мурињо беше насочен кон други фудбалери.
Агент на колумбискиот репрезентативец е Жорже Мендеш кој исто така го застапува и Мурињо и соработка меѓу тројцата би била договорена без никаков проблем.
OhridNews