Години наназад како најмеродавни тестови за проценка на формата за влез во новото првенство се сметаат тестовите во Барселона. На патеката „Каталуња“ се тестираат сите проби: трки, стартови, квалификации, гуми, аеродинамика.
Токму тука најмногу се истакнаа „Mercedes“ и „Ferrari“. Германскиот тим не само таму туку целиот тестирачки зимски период покажа голема сигурност и снага. Но сепак на љубителите на овај спорт им даде надеж за поголема борба оваа година во споредба од минатата, фактот дека Кими Раиконен (Ferrari) успеа да го изедначи најбрзото време на Нико Розберг (Mercedes), по што следуваше изјава на актулениот светски првак Луис Хамилтон.
-Искрено мислам дека оваа сезона ќе имаме вистинска борба со „Ferrari“ кој ги крена своите перформанси на многу повисоко ниво. Тие имаат добар болид и беа доста силни на крајот на минатата сезона. Мислам дека преку зимата значајно ги подобрија своите перформанси. Исто така возеа предобри кругови на крајот на тестирањето, што според мене значи дека имаат добар почетен пакет за стартот на оваа сезона. Мислам дека гледачите ќе уживаат во добра борба, што секако е добро за овај спорт. – рече актуелниот шампион Хамилтон.
Дали ќе биде така ни остануваат само уште 6 дена да видиме кога единственото светско првенство кое се одржува секоја година, се сели во Австралија за првиот тркачки викенд од 18-19 март.
OhridNews











