Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон после победата на трката во Шангај за голема награда на Кина упати пофални зборови за својот ривал од Ферари, Себастијан Фетел.
Британецот и Германецот победија на двете трки на стартот од сезоната и наговестуваат неизвесна борба за титулата во Формула 1 шампионатот.
– Нашиот однос прво е пријателски потоа има ривалитет. Фетел го почитувам повеќе од сите други пилоти со кои се натпреварувам сезонава. – изјави Хамилтон и додаде. – Фетел моментално е најдобрата форма и тоа многу го искористува. Ферари како тим има најдобар болид последниве 10 години ќе биде возбудливо да се тркаме со нив.
Во Ф1 шампионатот нема пауза и овој викенд на програмата е третата трка која ќе се одржи во Бахреин на 16 април.
Ф1: Хамилтон од почеток до крај доминираше во Кина
OhridNews