Британскиот пилот во Формула 1, Луис Хамилтон во болидот на „Мерцедес“ е победник на квалификации за Големата награда на Унгарија на патеката „Унгароринг“ покрај Будимпешта.
Светскиот првак и водечки во вкупниот редослед по 47-ми пат во кариерата и дури седми пат оваа сезона беше најбрзиот во квалификациите.
Во Унгарија Луис Хамилтон беше побрз од клупскиот колега Германецот Нико Розберг, додека третото и четвртото место го освоија Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“ и Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на „Ред Бул“.
Хамилтон досега четири пати беше победник на Големата награда на Унгарија, а во вкупниот редослед кај возачите има 17 бодови предност пред вториот Розберг.
1. Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) 1: 22,020
2. Нико Розберг (Гер/ Мерцедес) 1: 22,595
3 Себастијан Фетел (Гер/ Ферари) 1: 22,739
4. Даниел Рикардо (Аус/ Ред Бул) 1: 22,774
5 Кими Раиконен (Фин/ Ферари) 1: 23,020
6 Валтери Ботас (Фин/ Вилијамс-Мерцедес) 1: 23,222
7 Данил Квјат (Рус/ Ред Бул) 1: 23,332
8 Фелипе Маса (Бра/ Вилијамс-Мерцедес) 1: 23,537
9 Макс Verstappen (Хол/ Торо росо) Рено 1: 23,679
10 Роман Грожан (Фра/ Лотус-Мерцедес) 1: 24,181.
„Макфакс“
Ohridnews