Со победата на трката во Абу Даби, Луис Хамилтон ја освои титулата во Формула 1, втора во неговата кариера.


Пилотот на Мерцедес до последната трка се натпреваруваше со тимскиот колега Нико Розберг, кој потфрли на последната трка.

– Неверојатна година за мене и за тимот.  Сè беше фантастично со екипата, од моментот кога пристигнав и луѓето кога ми говореа дека сум згрешил, па се до чекорите кои ги направивме нанапред и потоа дојде оваа неверојатна година – рече Хамилтон.

По завршување на трката Розберг веднаш му честиташе на Хамилтон за освоената титулата, а Британецот го пофали својот колега за неговата професионалност.

Мх.П.