Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е нов првак во Формула 1. Тој со победата во последната трка од календарот ја осигура втората шампионска титулата во кариерата.
На трката во Абу Даби за титулата се бореа Хамилтон и Нико Розберг. Британецот беше поуспешен, а проблемите на Розберг со болидот му го отворија патот до тронот на Хамилтон.
Со оваа титула пилтот на Мерцедес ја прекина доминацијата на Ред Бул и Себастијан Фетел кои триумфираа четири години во низа.
Во конструктори очекувано на тронот се најде тимот на Мерцедес со голема предност пред останатите конкуренти.
Следната сезона во Ф1 се очекуваат доста промени како во пилотите во тимовите така и во болидите.
Мх.П.