Јубилејната 1000-та трка во историјата на Формула 1 шампионат помина во знакот на Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес. Пилотот на „сребрените стрели“ доминатно стигна до победата на трката за големата награда во Кина.

Британецот кој стартуваше од втората позиција на првата кривина го претекна тимскиот колега Валтери Ботас и го презеде кормилото во трката. Хамилтон водството не го испушти до крај и заслужено се искачи на највисокот место на подиумот. Друштво му правеа Ботас кој финишираше на втората позиција и Себастијан Фетел од Ферари кој заврши третопласиран.

Со триумфот во Кина, Хамилтон стигна до 75-та победа во кариерата, а Мерцедес трета трка по ред има „еден два“ победа. Хамилтон изби на чело од генералниот пласман претекнувајќи го Ботас.

Пласман во Кина:

1.Хамилтон (Мерцедес)

2.Ботас (Мерцедес)

3.Фетел (Ферари)

4.Верстапен (Ред Бул)

5.Леклерк (Ферари)

6.Гасли (Ред Бул)

7.Рикиардо (Ред Бул)

8.Перез (Рејсинг)

9.Раиконен (Алфа Ромео)

10.Албон (Торо Росо)

Генерален пласман: Хамилтон 68, Ботас 62, Ред Бул 39, Фетел 37…

OhridNews