Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кога ќе го потпише новиот договор со Мерцедес ќе стане најплатениот возач во шампионатот.
Преговорите помеѓу двете страни беа стопирани кон крајот на минатата сезона и досега не се продолжени. Сепак, двете страни тврдат дека потпишувањето на новиот договор е само формалност.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Мерцедес за Хамилтон подготвил тригодишен договор, според кој Британецот годишно ќе заработува по 20 милиони евра. Исто така Хамилтон би добивал бонус од еден милион евра за секоја победа, а дополнителни пет милиони доколку освои титула.
Англиските медиуми тврдат дека Хамилтон ќе добие договор со кој ќе стане најплатениот возач во Формула 1.
„Не добива секој шанса да работи со ваков тим. Тие ми помогнаа да ги остварам сништата со одличен и домимантен болид“, истакнал Хамилтон.
Овогодишниот шампионат во Формула 1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија на 15.март.
„Макфакс“