Како бомба оддекна изјавата на Луис Хамилтон, возач на Мерцедес, дека не ја исклучува можноста после оваа сезона да ја напушти Формула 1.
Тој во интервјуто за списанието на FIA, магазинот “Ауто“, рече дека наскоро може да лесно да му се приклучи на Нико Розберг.
“Мојата иднина е во моите раце. Кој може да знае дали моите успеси би биле поголеми и да одлучам да останам уште 5 години. Никој тоа не може да го гарантира. Не сакам многу да планирам пред време бидејќи не знаете што ве чека зад следниот ќош. Засега уште не ја знам мојата одлука“. – изјави Луис.
Јавноста се прашува дали баш сега би се откажал после изјавата дека оваа година најмногу ужива да го вози болидот, затоа што сега болидите се најбрзи од како вози во својата кариера.
“Во моментов премногу уживам во возењето, од причина што сега болидите се премногу брзи, а и заради посилната конкуренција оваа година. Но сепак не само што се борите против другите тимови туку и внатре во својот тим, а кога имате ваква борба се е како некој вртлог. Во вакви случаи тензијата е на високо ниво и незнам колку е корисно тоа забило кој тим.“ – заврши Хамилтон.
OhridNews