Британецот Луис Хамилтон ја оствари третата овосезонска победа. Возачот на Мекларен триумфираше на патеката Спа во Белгија и ја презеде првата позиција во Генералниот пласман.
Носителот на пол позицијата, Вебер од Ред Бул беше втор, а Кубица од Рено стигна до третото место.
Хамилтон сега води во Генералниот пласман со 182 бода, пред Вебер кој има 179, трет е Фетел со 151 бод.
Следната трка ќе се вози на 12-ти септември за големата награда на Италија.










