Одбраната на титулата на три трки од крајот во Формула 1 шампионатот му овозможи простор за забава на Луис Хамилтон. Британецот кој со тимот на Мерцедес ја освои третата титула во кариерата беше дел од борба на кечери во Мексико.
Хамилтон пред преполните трибини беше поздравен со аплауз, а во борбата со неговиот противник победи со нокаут во првата рунда.
Британецот од борците доби поклон, а неговото појавување беше вистинска атракција за мексиканците кои се вистински фанови на боречките вештини.
Ohridnews













