Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, го продолжи договорот со Мерцедес на уште три години.

Британецот во германскиот тим пристигна во 2013, а минатата година втор пат стана светски шампион.

„Мерцедес е мојот дом, многу сум среќен што ќе остана тука уште три години“, рекол 30-годишниот Хамилтон.

Британецот е лидер во овогодишното првенство на Формула 1, тој има 20 бодови повеќе од клупскиот колега Нико Розберг.

Хамилтон сезонава победи на три од петте трки во првенството.

„Макфакс“