Италијанскиот калчолигаш Интер и аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди дефинитивно не се иста бранова должина последниов период. Преговорите за продолжување на соработката место да ги доближи ги раздвои двете страни до степен на разделба.

Првиот чин го направи клубот, кој му ја одзеде капитенската лента на Икарди и му ја додели на словенскиот голман Самир Хандановиќ. Аргентинецот трката на раката ја носеше од сезоната 2015/16.

Да не биде ситуацијата толку лоша се погрижи сопругата на Икарди, Ванда Нара која е агент на фудбалерот. Таа изјави дека Икарди е смирен и покрај потегот на управата и е подготвен за продолжување на преговорите.

Симпатизерите на „нероазурите“ на социјалните мрежи му изразија поддршка на голгетерот кој последниве години без конкуренција е најдобар играч. 25-годишниот фудбалер во Интер се пресели од Сампдорија 2013 година.

OhridNews