Посетителите на реномираната интернет страница, специјализирана за ракомет „Handball-Planet.com“, го избраа капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, за најдобар играч на неодамна завршеното Европско првенство.


Во гласањето на интернет страницата учествувале 16 илјади ракометни фанови, а Лазаров добил повеќе од десет илјади гласови. „Handball-Planet.com“, во својот коментар наведува дека Лазаров е уникатен ракометар, нагласувајќи дека тој ги обедини титулите како најдобар стрелец во историјата на едно светско и на едно европско првенство.

Лазаров освои 63 отсто од гласовите, зад него е Унгарецот Габор Чазар со 17 отсто од гласовите и Дарко Станиќ за кого гласале 2.200 фанови, или во проценти 13,5 отсто.

Ohridnews