Во 30 градови ширум Бразил полицијата штрајкува, одбива да го спроведува законот и да ги штити граѓаните, а последиците на ова безвластие се застрашувачки, пишуваат светските медиуми. Три дена по започнувањето на штрајкот, бројот на убиства пораснал за неверојатни 650 отсто.
Најмалку 52 лица биле убиени, а хулигани беснеат по улиците вооружени со ладно или огнено оружје, ограбуваат продавници, палат автобуси и остваат мртви тела зад себе.
Најлоши случаи на насилството се забележани во крајбрежната сојузна држава Есприто Санто, каде нередите и злочините ги примораа властите да ги затворат болниците и училиштата.
Во главниот град на Есприто Санто, Викторија, стапката на убиства во 2015 година изнесуваше две во денот, додека во полседните три дена пријавени се 17 убиства.
На барање на локалните власти, од понеделникот вечер почнаа да пристигаат сојузните воени трупи и сега тие патролираат по улиците. Испратени се вкупно 1.000 војници и 200 припадници на националната гарда. Во меѓувреме, командантот на воената полиција бил сменет.
Од избивањето на крвавите нереди, сојузните власти се согласија да оддржат средба со полициски функционери и да преговараат за нивните барања за поголеми плати.