Екипата на Барселона на Ноу Камп направи една од најголемите сензации во историјата на модерниот спорт, стана првиот тим во Лигата на шампионите кој надоместил негатива од четири гола и преку кукавичкиот и индиспонираниот ПСЖ се пласира во четвртфиналето.
Секоја чест за Барселона, храбрата игра и вербата дека може да се направи невозможното, но тоа на Каталонците им го овозможија Унаи Емери и играчите на ПСЖ со кукавичката игра. ПСЖ, пред три недели со импресивна игра ја растури Барса, а во реваншот делуваа како второкласна екипа која на „Камп Ноу“ се појави само да ги одработи 90-те минути. Таквиот кукавички пристап Барселона брутално го казни, со три гола во последните шест минути од натпреварот.
Навивачите на ПСЖ во 5 часот утринава ги чекале фубалерите со добра порција на навреди. „Можете само да се срамите“, викале навивачите во близина на аеродромот во Париз, а збунетите и преплашените играчи гледаа што побргу да го напуштат местото.
Во целата мешаница најлошо минал еден навивч на кого налетал Тијаго Мота со својот авотмобил. Навивачот со повреди на грбот бил хоспитализиран.
OhridNews