Традиционалниот хард диск, кој служи како место за складирање информации, дел од скоро секој компјутер на светот, наскоро ќе замине во историјата. Пристигнува новата генерација дигитални дискови без механички делови.


SSD значи Solid State Disk, а се однесува на медиум за складирање податоци сличен на класичниот хард диск, а прикладен е за масовно користење во персоналните компјутери и лаптопите.

За разлика од традиционалните феро-магнетни хард дискови, SSD е дигитален медиум за складирање и нема механички делови.

Затоа SSD е прилично неосетлив на вибрации. Производителите тврдат дека со новата генерација SSD, компјутерите ќе бидат побрзи.

Принципите на работа на SSD се познати од раните осумдесетти години, но традиционалните хард дискови досега беа целосно поконкуренрни поради значително пониските цени и поголемиот капацитет.