Охридскиот хардкор-метал состав, „Хардфејсд“, на 29-ти август ќе настапи на Aqua Park Fest во Пробиштип.
Бендот ќе промовира дел од својот нов материјал, а сцената ќе ја дели со Dubioza Kolektiv, Bad Copy, Timo Mas, Disciplin a Kitchme и други.
Неоддамна, момците од бендот во Охрид одбележаа 10 години од појавувањето на македонската музичка сцена.
Инаку, „Хардфејсд“ постојат од 2004-та година. Имаат издадено два албуми, учестувале на неколку балкански и светски компилации и имаат исвирено над 100 концерти. Моментално го привршуваат својот трет албум во „Кречо саунд“ студиото во Охрид.
OhridNews