Фудбалерите на Тотенхем заслужено дојдоа до реми во Торино со Јувентус (2-2) во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Петлите“ примија два погодоци во почетните девет минути, но до крајот успеаја да извлечат реми со два постигнати погодоци во гости.

– По двата примени голови можевме да капитулираме, но ние покажавме карактер и стигнавме до мошне добар резултат. На Вембли покрај голот во гости ќе ја имаме и домашната публика и ќе биде многу интересно. Шансата со глава требаше да ја реализирам, но не успеав. Добро е што имав нова можност и ја искористив правилно и го вратив мојот тим во игра. – изјави Хари Кејн.

Реваншот во осминафиналето се игра на 7 март на Вембли стадионот во кој на Тотенхем му одговара било каква победа или реми до два постигнати погодоци.

OhridNews