Составот на Лестер со голот на Хари Магуери во последната минута од судиското продолжение обезбеди реми (2-2) со Манчестер Јунајтед пред своите гледачи во 19-та рунда од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ со головите на Хуан Мата во 40-та и 60-та минута го анулираа и презедоа водството од домаќините кои поведоа со погодокот на Џејми Варди во 27-та минута.
Манчестер Јунајтед имаше и играч повеќе и 3-4 стопроцетни да го реши натпреварот. Казната за сите пропуштени прилики ги стигна 94-та минута кога Магуери на втората статива непречен од никого го матираше Де Геа.
Разликата помеѓу лидерот на табелата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед е 13 бодови, додека „ѓаволите“ останаа на плус три во однос на третопласираниот Челси.
OhridNews











